Раководството на англискиот шампион Челзи, му понуди на Јувентус 56 милиони евра оштета за бразилскиот фудбалер, Алекс Сандро.
„Плавите“ и тренерот Антонио Конте и изминатото лето се обидоа да го ангажираат Бразилецот, но Јувентус ги одби сите понуди. Меѓутоа, медиумите на Апенините наведуваат дека раководството на „Старата дама“ ја променило одлуката и веќе оваа зима може да го пуштат Сандро.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Голем интерес за неговите услуги покажаа и Манчестер Јунајтед, и Манчестер Сити, но „Плавите“ засега нудат најмногу.
Сандро оваа сезона во 19 службени натпревари постигна еден погодок и запиша пет асистенции. Бразилецот во Јувентус пристигна во 2015. година од Порто за 26 милиони евра.