Легендата на Барселона, Чави Ернандез ја продолжи вербалната „волна“ со Кристиано Роналдо и истакна дека според него Португалецот не ја заслужил „Златната топка“.
Според поранешниот шпански репрезентативец титулите кои Португалецот ги освои со Реал Мадрид и репрезентацијата, ја замаглија проценката на учесниците во гласањето.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Сега се бројат големите трофеи, но имаше други години, кога не го користеа овој показател за да го прогласат најдобриот фудбалер. Лео Меси сеуште е најдобар и покрај трофеите кои некој друг ги освоил“, додаде Чави.
Минатиот пат кога Чави го „пецна“ Роналдо стигна експресен одговор од Португалецот, па останува да видиме дали ѕвездата на Реал и овој пат ќе спреми одговор за легендата на Барса.