Дома Трансфер зона Чави проговори за иднината на Дембеле

Чави проговори за иднината на Дембеле

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, на пресконференцијата по пријателскиот меч со Реал Мадрид зборуваше за иднината на Осман Дембеле.

Французинот влезе во последната година од договорот и има откупна клаузула од 50 милиони евра, а медиумите се сигурни дека ПСЖ е спремен да ја плати таа сума.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Дембеле беше стрелец  во 15-та минута за Барселона против Реал, а Чави изјави дека не може да гарантира за неговата иднина.

„Не можеме да го контролираме пазарот. Има клаузули, одлуката е на него. Ќе видиме, никогаш не се знае во преодниот рок. Мислам дека Осман е среќен во Барселона. Кога би имало некакви проблеми, сигурно би ми кажал. Сега за сега е тука“,  изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…