Дома Топ вести Чави налутил луѓе во раководството на Барселона – побарале Лапорта да го избрка?!

Чави налутил луѓе во раководството на Барселона – побарале Лапорта да го избрка?!

Барселона долго време го убедуваше Чави да остане тренер на тимот, откако претходно тој изјави дека ќе си замине на крајот на сезоната.

Сепак, сега кога успеаа може да видиме пресврт во ситуацијата. Имено, управниот одбор се свртел против 44-годишниот стратег и наводно побарал Лапорта да го избрка. Чави налутил дел од луѓето во раководството со неговите коментари за финансиската состојба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фановите мораат да разберат дека клубот е во тешка и комплицирана ситуација. Не е како пред 25 години кога тренерот велеше го сакам тој и тој игра и клубот му го носеше. Фудбалот не функционира на тој начин денес. Сите работиме да сме подобри“, гласеше изјавата која ја даде Чави по натпреварот со Алмерија и која направила проблем.

Одредени луѓе во раководството ваквата изјава ја сфатиле како лична критика и затоа во шпанските медиуми се тврди дека побарале Лапорта да разговара со Чави, па дури и да го избрка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…