Дома Останати Авто Мото Хaмилтон за страшниот судир со Верстапен: Некој ме гледаше од горе!

Хaмилтон за страшниот судир со Верстапен: Некој ме гледаше од горе!

Вчера на трката во Монца Луис Хамилтон и Макс Верстапен имаа жесток судир, а далеку полошо можеше да помине Хамилтон.

Системот „хало“ можеби во оваа ситуација го спаси и животот на Британецот кој имаше многу среќа.

За оваа ситуација Хамилтон се огласи на социјалните мрежи.

„Во овие денови добивам потсетник колку сум среќен. Само милисекунда е потребна да дојдете во страшна ситуација. Некој ме гледаше од горе! Благодарен сум за вашата поддршка, вие сте најдобри“, порача Хамилтон.

Во објавата Хамилтон ја објави и сликата на која се гледа како задното тркало на болидот на Ред Бул е над неговата глава. Таа слика најдобро покажува во каква опасност се наоѓаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Хрватски неврохирург: Семејството на Шумахер ме побара во 2014 за да му ставам микрочип

Документарниот филм за Mихаел Шумахер веќе излезе на „Нетфликс“ и во него се откриваат дет…