Дома Фудбал Останато Хорор драма пред Африканскиот Куп на Нации: Фудбалери почнале да се онесвестуваат во авион, пилотот им ги спасил животите!

Хорор драма пред Африканскиот Куп на Нации: Фудбалери почнале да се онесвестуваат во авион, пилотот им ги спасил животите!

Oваа недела започнува Африканскиот Куп на Нации, а репрезентациите веќе започнаа да се собираат во Брегот на Слоновата Коска која е организаор на овој голем настап.

Пред стартот на турнирот пристигна вест која ја загрижи фудбалската јавност.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Имено, фудбалерите на репрезентацијата на Гамбија поминале низ вистински хорор на летот за Абиџан. Откако авионот достигнал одредена височина дел од фудбалерите и членовите на стручниот штаб почнале да губат свест.

Во тие моменти како херој се покажал пилотот кој забележал што се случува и го свртел авионот враќајќи го на аеродромот од каде што тргнал. Причината за драматичната ситуација бил преголемиот број на патници за таков авион поради што останале без кислород.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јунајтед веќе договори две засилувања, а ова е буџетот за трансфери во Манчестер

Сер Џим Ретклиф не важи за човек кој троши многу, веројатно затоа и е богат, но ова лето н…