Дома Фудбал Останато Холандија и Франција вечерва играат натпревар кој најмногу и значи на Германија

Холандија и Франција вечерва играат натпревар кој најмногу и значи на Германија

Големото дерби од 5. коло во Лигата на нациите вечерва ќе се одигра на стадионот „Де Куип“ во Ротердам помеѓу селекциите на Холандија и Франција.

Тоа е дуел кој во случај на победа на Холандија би значело селекцијата на Германија дека ќе испадне во Б дивизијата без оглед на дуелот од последното коло помеѓу овие две селекции, па така вечерашниот натпревар ќе биде најважен за Германците.

Обложувалниците во овој натпревар мала предност и даваат на Французите. Сепак, на домашната селекција би и одговарал и нерешен резултат. Во тој случај во последното коло би им бил доволен и пораз до три гола разлика од Германија или пораз од три разлика со постигнат гол.

Франција од другата страна сигурно ќе сака да дојде до барем еден бод кој им е потребен да го осигураат првото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Седлоски: Посилна репрезентација не гостувала во Скопје, не сум задоволен со дел од моите играчи!

Македонија со пораз од 0-3 од Швајцарија ја започна новата сезона во Лигата на нации. Наша…