Дома Топ вести Херој на сезоната: Сам си го плати трансферот, а сега и го врати славниот клуб во повисок ранг

Херој на сезоната: Сам си го плати трансферот, а сега и го врати славниот клуб во повисок ранг

Шпанскиот фудбалер Лукас Перез е еден од главните херои во актуелната фудбалска сезона во Европа, бидејќи е херој на една убава приказна со славниот шпански тим Депортиво од Ла Коруња.

Перез на почетокот на 2023 година одлучи да направи необичен потег и да го плати трансферот од свој џеб за да се врати во Депортиво и да му помогне на овој клуб. На сето тоа тој дојде во Депортиво од Ла Лига каде што го носеше дресот на Кадиз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самиот Перез плати 500.000 евра за неговиот трансфер во Депортиво, а сега е најзаслужен што овој славен клуб, поранешен шампион на Шпанија се враќа во Сегунда (втората шпанска лига).

Сезонава Перез, поранешен напаѓач на Арсенал, е убедливо најдобриот фудбалер на Депортиво, за кого на 30 натпревари постигна 12 гола и забележа 17 асистенции.

„Ми зборуваа дека сум луд кога се вратив. Не разбираа што е Депортиво. Сакав да му вратам на клубот нешто од она што некогаш го земав, што не можев да го заборавам, и на мојот град и Депортиво, на моето семејство. и пријателите“, изјави Перез во интервју за „Ас“.

На две кола пред крајот, со победата од 1:0 над Барселона Б, Депортиво го обезбеди првото место на табелата и пласманот во Сегунда дивизија по три години поминати во третата лига. Перез го постигна победничкиот гол на овој натпревар.

Перез е роден во Ла Коруња пред 35 години и кариерата ја започна во овој клуб, а подоцна настапуваше за Атлетико Мадрид, Рајо Ваљекано, украински Карпати и Динамо Киев, грчки ПАОК, Арсенал, Вест Хем, Алавес, Елче и Кадиз.

Депортиво своевремено важеше за еден од најдобрите шпански клубови, а беше национален шампион во 2000 година кога за овој тим играа едни од најдобрите фудбалери во светот. Покрај титулата во Шпанија, Депортиво трипати го освојуваше и шпанскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…