Дома Трансфер зона Хатем Бен Арфа пред трансфер во Серија А?

Хатем Бен Арфа пред трансфер во Серија А?

Францускиот фудбалер Хатем Бен Арфа (32) е слободен играч откако му истече договорот со Рен на крајот од минатата сезона.

Бен Арфа во Рен пристигна минатото лето после неуспешната авантура во ПСЖ, но на „Роаж Парк“ не се задржа долго.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Скоро секој фудбалски фан знае за каков мајстор се работи, но поради разни фактори Бен Арфа никогаш не успеа до крај да го исполни својот потенцијал.

Сега е многу блиску до почеток на нова авантура и тоа во италијанската Серија А. Тренерот на Сампдорија Еусебио Ди Франческо го означи како голема желба ова лето, а сега наводно и самиот играч дал зелено светло за реализација на трансферот.

Бен Арфа минатата сезона постигна девет голови и запиша шест асистенции на 41 натпревар. Во минатото освен за ПСЖ и Рен настапуваше за Лион, Марсеј, Ница и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…