Дома Фудбал Англија Хаос во Фулам: Митровиќ и Камара се степаа на час по јога

Хаос во Фулам: Митровиќ и Камара се степаа на час по јога

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ и Французинот Абубакар Камара се степале за време на часот по јога, а поголем инцидент спречиле нивните соиграчи, пренесуваат англиските медиуми.

Според медиумите српскиот напаѓач го опоменал Камара поради неговото непристојно однесување кон учителот по јога во текот на минатата недела. Секако, Французинот веднаш му вратил на Митровиќ по што тие двајца се фатиле за врат. Поголема тепачка спречиле нивните соиграчи, по што ситуацијата се смирила.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Нетрпението меѓу овие двајца фудбалери започна пред неколку недели, кога Камара на своја рака одлучи да шутира пенал против Хадерсфилд и покрај тоа што Митровиќ е задолжен за ударите од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Изградиле стадион за шест месеци: Добија фудбалски рај, навивачите останаа без зборови

Неверојатен подвиг направија во шпанската Сарагоса во 2025 година, а можеме слободно да ка…