Дома Останати Авто Мото Хамилтон најавува останување во Формула 1 уште долго време

Хамилтон најавува останување во Формула 1 уште долго време

0
hamilton

Луис Хамилтон изгледа уште долго ќе го гледаме на патеките во Формула 1. Откако Бртианецот извози најдобра половина од сите негови сезони завршувајќи со победа на Хунгароринг актуелниот шампион цели кон нова титула.

За Хамилтон ова е веќе 13-та сезона во најбрзиот караван во светот, а од договорот со Мерцедес за кој вози од 2013 година му останува уште една година. Тој освои четири титули и му недостасуваат уште две за да се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер.

Засега тој нема намера да се повлекува и порачува дека уште долго ќе го гледаме во Формула 1.

„Знам дека еден ден ќе морам да престанам, но во овој момент јас се чуствувам фантастично. Не планирам во блиска иднина да се повлекувам, имам уште за победување и остварување на целите како во болидот, така и надвор од него“, изјави Хамилтон.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Големи промени: Болидот во Формула 1 за две години ќе изгледа фантастично! (ВИДЕО)

Формула 1 во претходните години доживеа големи промени, пред се тоа се однесува на изгледо…