Луис Хамилтон со победата на Големата награда на Унгарија стигна до вториот триумф и се искачи на лидерското место во генералниот поредок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Хамилтон ова беше 86. победа во кариерата со која дополнително му се приближи на легендарниот Михаел Шумахер кој има 91. триумф.
Сепак, Британецот вчера успеа да се изедначи со Германецот во еден статистички податок, а тоа е најголем број победи на една стаза.
Имено, Хамилтон вчера стигна до својата осма победа на Унгароринг, а исто толку победи има Шумахер на стазата во Франција.