Дома Фудбал Лига на шампиони Халанд го воодушеви цел свет, а тој тврди: Можам многу подобро!

Халанд го воодушеви цел свет, а тој тврди: Можам многу подобро!

Суперталентираниот напаѓач на Борусија Ерлинг Хланд ја воодушеви Европа со своите настапи за Салзбург, а сега игра фантастично и во Борусија Дортмунд.

Халанд вчера постигна два гола во победата од 2:1 на Борусија против ПСЖ. Меѓутоа младиот фудбалер смета дека може уште подобро.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мило ми е што сум прогласен за играч на натпреварот, но се чувствувам дека можам многу подобро. Морам да играм подобро на ова ниво, треба напорно да работам за да напредувам“, изјави Халанд.

Од доаѓањето во Борусија Халанд постигна 11 гола на седум натпревари. Во јануари Норвежанецот постигнуваше голови на 41 минута и само 11 играчи во Бундес лигата постигнале повеќе голови од него иако тој одигра само пет натпревари.

Во Лигата на шампионите Халанд заедно со Левандовски е прв стрелец со 10 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…