Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалските надежи до 15 години го освоија второто место на турнирот во Молдавија

Фудбалските надежи до 15 години го освоија второто место на турнирот во Молдавија

Репрезентацијата на Македонија до 15 години загуби со убедливи 3:0 од домаќинот Молдавија на меѓународниот контролен турнир.

На крајот, нашите млади фудбалери со скор од две победи и еден пораз го освоија второто место на турнирот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во првиот дел Велевски и Крстевски ги имаа најдобрите можности за нашата репрезентација. Михаил Пускашу го отвори резултатот во последната минута од првото полувреме.

Во продолжението, истиот играч со гол во 57. минута ја зголеми предноста на својата селекција. Во 86. минута Михаил Багрин ги поставува конечните 3:0.

Во првото коло од меѓународниот турнир, славевме победа над Ерменија со 2:1. Во второто коло ја надигравме Андора и забележавме убедлива победа од 3:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

КК Пелистер во новата сезона влегува и со ново лого

Пред почетокот на новата сезона во кошаркарското првенство, екипата на Пелистер го промови…