Лоши вести ни пристигнуваа од Бразил. Според последните информации вцлошена е состојбата на легендарниот Пеле.




Пеле пред три недели беше хоспитализиран на клиниката „Алберт Ајнштајн“ поради слабо срце, но и вирусна инфекција. Сепак, најголем проблем за Пеле е ракот што пргоресира и Пеле ќе го помине Божиќ во болницата. Претходно беше објавено дека хемотерапиите не помагаат, меѓутоа до вчера ситуацијата беше стабилна.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според објавата од болницата поради прогресот на ракот докторите стравуваат од откажување на бубрезите.




„Пеле беше хоспитализиран на 29. ноември поради проценки за хемотерапијата поради туморот на деболото црево и респираторна инфекција. Едсон Арантес до Насименто покажува прогресија на онколошката болест и бара поголема грижа поврзана со бубрежните и срцевите дисфункции“, стои во објавата на клиниката.




Во својата кариера Пеле освои три светски титули со Бразил во 1958, 1962 и 1970 година.