Дома Фудбал Останато Пред една година светот остана без „кралот на фудбалот“

Пред една година светот остана без „кралот на фудбалот“

Пред точно една година на денешен ден светот остана без легендарниот Пеле.

На два дена пред новата година Пеле на 29-ти декември 2022 година ја загуби битката со тешката болест која долго го мачеше.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


За многумина Пеле е најголемата „десетка“ во историјата на фудбалот и стана еден вид симбол на тој број. Во Бразил, но и во добар дел од светот, тој ќе остане запаметен како „крал на фудбалот“.

Пеле денеска почива во позлатена гробница во Сантос, каде што беше погребан откако целиот фудбалски свет се прости од него со емотивни пораки. Иако секогаш е тешко да се усогласат спротивставените мислења во дебатите за најдобрите на сите времиња, тешко е да се негира дека Пеле не е највлијателниот фудбалер што некогаш играл.

Тој беше првата глобална суперѕвезда во историјата на најпопуларниот спорт, а уште како момче почна да го гради митскиот статус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…