Дома Луд Спорт Фудбалот завиен во црно – почина Шеик Тиоте!

Фудбалот завиен во црно – почина Шеик Тиоте!

Трагични вести повторно го потресоа фудбалскиот свет. Шеик Тиоте, доскорешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, кого најмногу ќе го паметиме по настапите во Њукасл, почина денес во Пекинг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според некои информации Тиоте, кој за две недели требаше да го прослави 31-от роденден, колабирал на тренинг, веднаш бил пренесен во болница, но само неколку часа подоцна пристигна трагичната вест.

Англиските медиуми, меѓу кои и Би-Би-Си потврдија дека фудбалерот починал! Пред Њукасл Тиоте играше за Андерлехт, Рода и Твенте.

Пред само четири месеци се пресели во Кина, во редовите на Пекинг Ентерпрајз, но кинеската авантура се заврши на трагичен начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…