Дома Фудбал Германија Фризурата на Обамејанг и направи проблем на Борусија Дортмунд!

Фризурата на Обамејанг и направи проблем на Борусија Дортмунд!

Пјер Емерик Обамејанг се врати во топ форма, со четири гола на последните два меча, но повторно предизвика контроверзи во Дортмунд.

Сега причина беше новата фризура на напаѓачот која не е по вкус на „милионерите“, а причината е чисто маркентиншка. Имено, Обамејанг на мечот со Леверкузен на својата глава го имаше логото на својот спонзор, компанијата „Најк“.

Тоа нормално не му се допадна на челниците на Дортмунд, каде „Пума“ не само што им ги прави дресовите туку има и удел во сопствеништвото на клубот.

„Доколку ммојата интерпретација е точна, ова беше идеја на неговиот спонзор. Се надевам дека повеќе нема да повтори вакво нешто, а секако дека и лично за тоа ќе разговарам со него“, изјави спортскиот директор, Михаел Цорк.

Малиот инцидент фрли сенка на одличната партија на водечкиот стрелец во Бундеслигата, кој сега му беа два гола на Левандовски на листата стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навивач на Барселона, тврди бившиот скаут на Ка…