Ракометната велесила Франција после само четири дена го заврши Европското првенство на кое имаа шампионски амбиции.
Франција забележа два порази во првите два натпревари, во првото коло Португалија ги победи „галските петли“, а вчера Норвешка со победа од еден гол разлика донесе големо разочарување кај Французите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На ЕП Франција дојде како еден од главните фаворити и место битка за трофејот доживеа вистински срам и за првпат во својата ракометна историја не ја помина групната фаза на ЕП. По овој пораз познатите француски медиуми беа немилосрдни кон нивните репрезентативци.
„Срам! Ова е епска шлаканица. Трета година ќе бидеме без трофеј, ова е кошмар“, пишува „Ле Фигаро“.
„Катастрофата не е избегнат. Првпат во историјата не одиме во втората фаза“, објави реномираниот „Л’Eкип“.
„Ле Паризиен“ најавува дека овој пораз значи и крај на една ера.
„Останавме без славата, крај на една ера. Пораз бе душа, Карабатиќ и друштвото елиминирани од Евро 2020“.
За три месеци Франција ќе биде домаќин на олимпискиот турнир, па Французите ќе мораат брзо да се соберат за да не доживеат уште една катастрофа.