Дома Фудбал Репрезентации ФОТО: Каков тим…Овие играчи би можеле да го пропуштат Мундијалот!

ФОТО: Каков тим…Овие играчи би можеле да го пропуштат Мундијалот!

Овој тим многу веројатно би бил конкурент за трофејот на Мундијалот.

Нешто повеќе од два месеци останува до стартот на Мундијалот во Русија, а судејќи според списоците кои селекторите ги објавија за пријателските натпревари, се и сешто би можеле да видиме до почетокот на најголемиот фудбалски настан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Опции во овој момент има навистина многу бидејќи само во Шпанија има неверојатни фудбалери, а некој од нив сигурно ќе Светското првенство ќе го следат од своите домови.

Повеќе за играчите на Шпанија кој би можеле да извисат можете да прочитате ТУКА.

Да започнеме по ред.

Ситуацијата околу Мануел Ноер и понатаму не е јасна. Тој би бил спремен да се врати на терените во април, после што Јоаким Лев би требало да процени дали е во состојба да брани на највисоко ниво. Треба да се земе предвид и дека Марк-Андре Тер Штеген ја игра сезоната на кариерата и дека многу лесно би можел да стигне до статусот прв голман во селекцијата на Германија.

Од Германија уште би можеле да извисат Јулијан Вајгл и Марко Ројс кои не добија повик за пријателските средби.

Навивачите на Бразил со нетрпение чекаат да видат дали Нејмар ќе успее целосно да се опорави за Мундијалот. Првите прогнози говорат дека ќе биде спремен поради тоа не е на оваа листа. Од селекцијата на Бразил би можеле да не бидат повикани Данило и Давид Луиз. Бекот на Манчестер Сити не може да се пофали со добра сезона поради што Тите многу лесно би можел да го изостави иста е ситуацијата и со Давид Луиз.

При објавувањето на списокот на селекторот на Португалија, Фернандо Сатос откри дека веќе го знае изгледот на тимот за Светското првенство (поголемиот дел), па јасно е дека оние што не добија повик имаат минимални шанси. Помеѓу нив се Нани, херојот од ЕП Едер, Пепе, Елисеу…

Шпанија веќе ја споменавме, но тука е и Франција. Како и Лоптеги и Дешам ќе биде на слатки маки. Напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема, што поради неговото минато, но и поради сегашната форма 90% е надвор тимот и никој не очекува да биде повикан.

За крај доаѓа чудесниот случај на Хорхе Сампаоли. Селекторот на Аргентина одлучи да ги изостави Мауро Икарди и Паоло Дибала и покрај тоа што двајцата играат неверојатно. Првиот Самполи не го сака поради проблематичниот карактер, додека зошто го нема Дибала веројатно знае само тој.

Можеби не се вклопува во неговиот систем, но сигурно дека би била направена огромна неправда доколку ѕвездата на Јувентус не биде повикана за Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…