Неговата посета во овој период предизвика многу шпекулации и сигурно ги израдува навивачите.
Зинедин Зидан изгледа не можеше да избере поделикатен момент да го посети Торино и да одигра фудбалски натпревар во балон.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, Французинот беше во градот вчера, што само дополнително ги подгреа гласините дека ќе седне на клупата на Јувентус во јуни. Зизу дојде во посета на старите пријатели: Аморузо, Ферара и Марк Јулијано кои се негови поранешни соиграчи, а јасно е дека сето ова предизвика многу коментари.
Французинот се поврзуваше и со Челзи, наводно чека на одлуката на Јувентус. Ањели и навивачите го посакуваат него, додека според медиумите на „Чизмата“ Недвед и Партичи го сметаат Конте за подобро решение.
Како и да е ова посета на Зидан само дополнително ќе ја здрма клупатан а Алегри кој има уште една година од договорот. Голем број навивачи како и скоро цела Италија е убедена дека Алегри ќе добие отказ ако во вторник не успее да направи пресврт и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Јувентус е во тешка позиција откако во првиот натпревар во Мадрид беа поразени со резултат 2:0. Атлетико важи за исклучително цврст тим и на „старата дама“ сигурно ќе и биде тешко да го сврти резултатот во своја корист.