Фудбалерите на Милан во саботата го победија Каљари со 2:0 во натпревар од 19. коло во Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Росонерите конечно ги израдуваа своите навивачи и ги освоија трите бода на тешкото гостување. Против Каљари брилијантен беше искусниот Ибрахимовиќ кој успеа да го постигне првиот погодок по враќањето во Милан.
Исто така, многу добар натпревар одигра Бразилецот Рафаел Леао, кој се чини дека има добри односи со Ибра. Леао претходно изјави дека Ибрахимовиќ отсекогаш му бил идол и сака да научи што повеќе од него.
После натпреварот една од фотографиите на која Леао го гледа Ибра стана хит, а истата на својот Твитер профил ја сподели и младиот офанзивец на Росонерите.
„Најдете си девојка која ќе ве гледа како што Леао го гледа Златан.“ – пишува во описот на фотографијата.
— Rafael Leão (@RafaeLeao7) January 11, 2020