Eкипата на Милан лошо ја започна сезоната во Серија А, а тоа ги вклучи и алармите во клубот.
Во првите натпревари, Милан ремизираше со Торино и загуби од Парма, а тоа е доволна причина за тренерот на „росонерите“, Пауло Фонсека веднаш да реагира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Италија пренесуваат дека португалскиот стратег се одлучил да ги остави двете главни ѕвезди, Рафаел Леао и Тео Хернандез на клупата за резерви.
Мењон; Ројал, Павловиќ, Томори, Терачано; Бенасер, Фофана; Чуквуезе, Лофтус-Чик, Пулишиќ; Окафор, е составот со кој најавуваат дека Фонсека ќе стартува.
На клупата ќе се најде и Тами Абрахам, тука е и младиот Франческо Камарда.