Дома Фудбал Германија Флик за расправијата со Салихамиџиќ: Не се гордеам со тоа што му го реков

Флик за расправијата со Салихамиџиќ: Не се гордеам со тоа што му го реков

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик на денешната пресконференција зборуваше за расправијата со спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ.

Германските и европски медиуми овие денови пишуваа за лошите односи помеѓу Флик и Салихамиџиќ и дека имало жестока расправија помеѓу нив.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Флик денес не негираше дека имало расправија, но истакна дека жали за тоа што му го рекол на Салихамиџиќ.

„Тоа беше една фаза после Светското клупско првенство и пред мечот со Ајнтрахт кога имавме четири случаи со корона. Ситуацијата беше напната за сите. Тоа што му го реков на Салихамиџиќ едноставно излезе од мене. Не сум горд на тоа и навистина ми е жал. Разговаравме, се поздравивме и сега гледаме напред. Се наоѓаме во многу добар период, сите заслужуваме да имаме мир во клубот“, истакна Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…