Дома Кошарка Тоа е Леброн: Ќе игра за Филаделфија, а ќе живее во друг град и ќе патува со хеликоптер

Тоа е Леброн: Ќе игра за Филаделфија, а ќе живее во друг град и ќе патува со хеликоптер

ЛеБрон Џејмс веројатно е најдобриот кошаркар на сите времиња, а следната сезона ќе ја мине во тимот на Филаделфија 76ерсите.

Иако штотуку потпиша двегодишен договор со Филаделфија, се очекува дека нема да живее во градот.

Според информациите од Брајан Виндхорст, ЛеБрон повеќе ќе биде во Њујорк, иако ќе игра за 76ерсите.

Патот од Њујорк до Филаделфија трае околу час и половина возење со автомобил, но со хеликоптер таа дистанца се совладува за помалку од 45 минути, што му овозможува да ги комбинира животот во еден, а кариерата во друг град без потешкотии.

Џејмс досегашната кариера ја круниса со четири титули од НБА лигата, две со Мајами, една со Кливленд и уште една со Лос Анџелес Лејкерс.

Во редовите на тимот од Филаделфија ќе заработува нешто над три милиони долари годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пониски кошеви и три спорта: нова зона за семејна рекреација во Екали

„Плеј зон“ на „Еврохупс кортс“ нуди кошарка, мал фудбал и одбојка за деца и семејства, как…