Утре во рамките на Примера се игра големото дерби помеѓу екипите на Атлетико Мадрид и Барселона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тренерот на Барселона, Ханзи Флик го пофали својот противник и истакна дека Атлетико е најдобриот тим во лигата.
„Ќе биде многу тежок натпревар за нас. Тие се најдобриот тим во Ла Лига досега. Ќе биде одличен натпревар. Мора да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута. Атлетико постигнува многу голови на крајот“, изјави Флик.
„Го започнавме проектот, а на 20 декември сме први во Ла Лига и втори во Лигата на шампионите. Испуштивме бодови и штета е затоа што требаше да победиме против Лас Палмас и Леганес. Почит за нив бидејќи одиграа подобро од нас и тоа мора да го прифатиме. Утре имаме уште една шанса да се докажеме“, додаде германскиот стратег.