Дома Останати Авто Мото Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон кој од наредната сезона ќе вози за Ферари.

Не можеше да ги избегне и најавите дека Макс Ферстапен може да биде човекот кој ќе го замени Хамилтон, а Волф беше искрен и кажа дека Холанѓанецот е првиот на листата на желби.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Мораме прво да видиме дали ќе остане во Ред Бул. Тој секако е прв на листата желби“, изјави Волф.

Зборуваше Волф и за опциите ако Ферстапен сепак одлучи да остане во Ред Бул.

„Младиот Андреа Кими Антонели има голем потенцијал, не треба да се заборави дека има само 1 години. Размислувавме и за Фернандо Алонсо и Карлос Саинц и тоа се четирите опции засега. Ќе видиме како ситуацијата ќе се развива“, истакна Волф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Семејството на Шумахер на аукција продаде часовници на славниот возач

Часовниците на големиот Формула 1 возач Михаел Шумахер се продадени во текот на вчерашниот…