Поради скандалот со директорот на тимот Хорнер се погласно се шпекулира за заминување на Холанѓанецот, Макес Ферстапен од редовите на Ред Бул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Луис Хамилтон како што е веќе добро познато од наредната сезона нема да вози за Мерцедес и кариерата ќе ја продолжи во Ферари, а Ферстапен се најавуваше како негова замена.
Новинарите сега го прашаа и самиот Холанѓанец за неговата иднина. Според изјавата на Ферстапен, тој нема да замине пред истекот на неговиот договор.
„Како што кажав и претходно, среќен сум во Ред Бул. Многу е важно да ги задржиме главните луѓе во тимот што е можно подолго. Планирам да останам до крај на договорот“, изјави Ферстапен.