Дома Трансфер зона Фернандез со видео ја уценил Бенфика да го пушти во Челзи

Фернандез со видео ја уценил Бенфика да го пушти во Челзи

Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез стана најскапото засилување во историјата на Премиер лигата, откако Челзи за неговиот потпис плати 121 милион евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи и Бенфика долго време водеа преговори, а „Рекорд“ објави дека Фернандез го уценил португалскиот клуб да го пушти на „Стенфорд Бриџ“.

Челзи прво понудил пари, плус размена на играчи. Бенфика го побара Матео Ковачиќ, што „сините“ веднаш го одбија и се чинеше дека португалскиот клуб ќе ја напушти преговарачката маса.

Енцо, наводно, се заканил дека ќе објави видео кое ја крие структурата на финансиските работи во Бенфика, по што претседателот Руи Кошта попуштил.

На крајот Бенфика се согласи сумата од 121 милион Челзи да ја плати на пет рати и трансферот се реализираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…