Дома Фудбал Англија Фердинанд: Санчо ќе биде како ново засилување за Јунајтед

Фердинанд: Санчо ќе биде како ново засилување за Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд смета дека враќањето на Џејдон Санчо ќе биде како ново засилување за „црвените ѓаволи“.

22-годишниот Англичанец е надвор од тимот веќе три месеци поради физички и психички проблеми, но се врати на терените на мечот со Кристал Палас.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Санчо се врати во тимот и ако може да се врати како претходно, тој ќе биде како ново засилување за клубот. Ако имате толку талентиран играч, тој може да биде корисен за сите тимови. Тој ќе го направи Јунајтед многу поконкурентен тим“.

„Резервната клупа на Јунајтед во последниот месец не беше многу силна, па враќањето на Санчо ќе му даде на Тен Хаг многу повеќе опции во следните натпревари“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Министерството за социјална политика во Шпанија побара истрага од обвинителството, омбудсм…