Дома Останати Тенис Федерер призна: Плачев после поразот на Вимблдон

Федерер призна: Плачев после поразот на Вимблдон

0

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер призна дека плачел после последниот пораз на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ.

Роџер во финалето на Вимблдон го победи Новак иако имаше две меч топки.

Федерер се воздржи од солзи на теренот, но сепак не можел да издржи во соблекувалната.

„Кога сум плачел последен пат? Пред два месеци после поразот на Вимблдон. На теренот на доделувањето на пехарите се воздржав. Тогаш дојдов во соблекувалната и на првиот коментар од типот „немаше среќа, беше така блиску“…Тука се скршив и пуштив солзи“, изјави Роџер.

38 годишниот тенисер пред неколку дена порача дека ќе игра на следниот Вимблдон, а после тоа кој знае…

„Одлучив дека сакам да играм и на наредниот Вимблдон. Треба да одлучам дали ќе играм на Олимписките игри во Токио. Зборував со својот тим и сопругата Мирка. Ќе донесам одлука во наредните неколку недели“, пораша Швајцарецот.

Федерер до сега освои 20 Грен Слем титули и се уште е лидер на вечната листа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Федерер: Ќе играм на Ролан Гарос следната година

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер денеска најави дека планира следната година да игра на…