
Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон од 2023 година, е соочена со суспензија до четири години, откако е обвинета за прекршување на анти-допинг правилата поради одбивање на тестирање.
Контроверзниот инцидент се случил во декември, за време на ненадејно тестирање надвор од натпреварувањата. Вондрушова тврди дека по 20:00 часот ѝ ѕвонела непозната личност на вратата, која одбила да се идентификува и побарала итен примерок од урина. Во тој момент, таа одбила да го пушти внатре, оценувајќи ја ситуацијата како сериозно нарушување на приватноста.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Против неа потоа бил покренат процес од страна на Меѓународната тениска агенција за интегритет поради „одбивање или неуспех да се достави примерок без оправдана причина по известување од овластено лице“.