Дома Фудбал Англија Фабрегас знае зошто Ливерпул вечерва игра слабо

Фабрегас знае зошто Ливерпул вечерва игра слабо

Манчестер Сити и Ливерпул моментално на Етихад го играат дербито на 32. коло во ПЛ.

Ливерпул во претходното коло успеа да ја осигура титулата, прва после 30 години, но сеедно, вечерва Клоп го извади својот најсилен состав против Граѓаните.

Меѓутоа, шампионскиот тим на Ливерпул вечерва игра под своите можности, па после 70 минути игра Граѓаните водат со високи 4:0.

После првото полувреме на Твитер се огласи и Сеск Фабрегас кој порача дека му е јасно зошто Ливерпул игра толку лошо по првите 45 минути игра.

„Со оглед на тоа дека претходните три дена се забавуваа без спиење мислам дека Ливерпул игра многу добро.“ – напиша поранешниот играч на Арсенал и Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дел Пиеро: Пирло има се што треба да биде подобар од Зидан

Зинедин Зидан во првите две ипол сезони како тренер освои три титули во Лигата на шампиони…