Дома Трансфер зона Ундер ја напушта Рома, но останува во Серија А

Ундер ја напушта Рома, но останува во Серија А

Крилото на Рома и турски репрезентативец Џенгиз Ундер ова лето најверојатно ќе го напушти „Олимпико“.

22-годишниот Ундер покажа голем потенцијал, но за време на оваа сезона тој беше измачуван од повреди и тоа го спречи да се избори за стартно место во тимот на Пауло Фонсека.

Рома е во финансиска криза и е спремна да го продаде турскиот репрезентативец, а најсилен интерес за него покажува Наполи.

Двата клуба веќе започнале преговори и би можеле да се договорат за трансфер вреден 30 милиони евра плус бонуси.

Ундер пристигна во Рома од Истанбул Башакшехир во 2017 година за сума од 14 милиони евра. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Пеп нема потреба да се грижи: Ова е буџетот за трансфери на Сити

Maнчестер Сити и ова лето планира сериозно да го засили клубот, а Пеп Гвардиола наводно ве…