Италијанскиот прволигаш Рома постигнала договор со англиски Лестер за позајмица на Ченгиз Ундер.
Според „Скај Италија“ турскиот фудбалер наскоро ќе ги помине лекарските прегледи во Англија и ќе потпише договор со новиот клуб. Рома се согласи да го испрати Ундер на позајмица оваа сезона за три милиони евра, но Лестер ќе има обврска да го откупи неговиот договор за 24 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ундер пред три години дојде во Рома од инстанбулскиот Башакешир. За Рома одигра 88 натпревари, постигна 17 голови и запиша 12 асистенции.