Крилото на Рома и турски репрезентативец Џенгиз Ундер ова лето најверојатно ќе го напушти „Олимпико“.
22-годишниот Ундер покажа голем потенцијал, но за време на оваа сезона тој беше измачуван од повреди и тоа го спречи да се избори за стартно место во тимот на Пауло Фонсека.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рома е во финансиска криза и е спремна да го продаде турскиот репрезентативец, а најсилен интерес за него покажува Лестер.
„Скај Италија“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и наскоро би можел да биде комплетиран трансферот тежок 28 милиони евра.
Лестер испратил понуда од 3 милиони евра за едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 25 милиони евра.
#Calciomercato #Roma, per #Under irrompe il #Leicesterhttps://t.co/nUk8JCzWge
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 16, 2020