Дома Трансфер зона „Узбекистанскиот Меси“ нова мета на Јувентус за засилување во нападот

„Узбекистанскиот Меси“ нова мета на Јувентус за засилување во нападот

Јувентус во овој преоден рок е во потрага по резервна „деветка“ се споменуваа бројни имиња како: Кваљарела, Жиру, Пинамонти, Паволети, Пеле…Ново име на листата желби на „старата дама“ Елдор Шомудоров.

Фудбалерот кој носи прекар „узбекистанскиот Меси“ минатото лето пристигна во Серија А кога Џенова го откупи од руски Ростов за 7.5 милиони евра. Сезонава одигра 10 натпревари за Џенова и постигна два гола меѓутоа остави прилично добар впечаток иако статистиката не го покажува тоа.

Шомудоров уште пред една година беше желба на многу клубови: Шалке, Лион, Сампдорија…го сакаа, на крајот го доведе Џенова и тој покажа дека калибар за Серија А.

Со добрите настапи сега го привлече вниманието на Јувентус.

Бјанконерите бараат шпиц кој ќе биде алтернатива на Мората за Роналдо и Дибала да имаат нешто поповлечени улоги. Условот е тој напаѓач да биде ефтин затоа што ќе биде привремен. Шомудоров ги исполнува тие карактеристики и Јувентус може да испрати понуда за позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Покрај Халанд, Сити сака уште една ѕвезда на Бортмунд

Манчестер Сити на лето сака да донесе две ѕвезди на Борусија Дортмунд, пренесуваат англиск…