Во летото кое е пред нас ќе биде организирано Светско првенство за фудбалски ветерани, оние со 35 или повеќе години кои се пензионирани од професионалниот фудбал ќе имаат право за настап.
Првенството ќе се одржува во период по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите и пред почетокот на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе биде организиран оод „Elite Players Group“ која е составен од повеќе големи фудбалери и спортски бизнисмени. На првенството ќе учествуваат осум репрезентации и тоа сите кои биле светски шампион: Англија (домаќинот), Аргентина, Бразил, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Уругвај.
Се очекува на теренот повторно да ги видиме: Кака, Роналдињо, Мајкл Овен, Фабио Канаваро, Роберто Карлос, Тијери Анри, Марсел Десаи, Ернан Креспо, Пабло Забалета, Месут Озил, Сами Кедира, Давид Виља, Карлес Пујол, Франческо Тоти, Диего Форлан…
Ако се оди според планот турнирот ќе се игра една недела и ќе се одиграат седум натпревари, стадионот каде што ќе се играат натпреварите се уште не е познат.
Тимовите ќе мора да бидат составени од играчи над 35 години кои играле за репрезентацијата или кои имаат најмалку 100 настапи во првиот ранг од натпреварувањето во својата земја.
Ќе се игра 11 на 11, а натпреварите ќе траат 70 минути со неограничен број измени.