Дома Топ вести Ужас: Хулигани нападнаа тешко болно момче и му ги запалија дресот

Ужас: Хулигани нападнаа тешко болно момче и му ги запалија дресот

Инцидент се случи на вчерашниот натпревар во француската елита помеѓу Ажаксио и Олимпик Марсеј откако домашните навивачи нападнаа осумгодишно момче болно од рак само затоа што носело дрес од противничката екипа.

Поради тешката болест момчето по име Кензо го губи својот вид, а на трибините беше заедно со неговиот татко во дрес на Марсеј.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Десетина хулигани прво го удрија таткото на момчето, а потоа го турнаа момчето соблекувајќи му го дресот за да го запалат.

„Не очекувавме нешто такво, мислев дека сме безбедни, па затоа му дозволив да го облече дресот. Сопругот го држеше за рака и сакаше да му ги покаже играчите кои во тие моменти излегуваа на теренот. Потоа се тргна на лошо, го турнаа син ми, а сопругот го удрија. Дресот кој го носеше му го соблекоа и го запалија.

Кензо е свесен за својата тешка болест и го губи полека видот, па ми кажа дека пред да ослепи целосно сака да го гледа Марсеј во Ажаксио, сега поради некои идиоти ќе има трауми“, изјави мајката на момчето, Амандин.

Од Ажаксио најавија дека ќе ги откријат хулиганите и кривично ќе ги гонат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…