Англискиот фудбал го тресе голем скандал. На социјалните мрежи се појави видео на кое премиерлигашкиот судија Дејвид Кут (42) во друштво на непознато лице го навредува Ливерпул и нивниот поранешен тренер, легендарниот Германец Јирген Клоп, кој летово го напушти Енфилд.
Кон тоа видео е прикачено уште едно во кое Кут предупредува некого пред камера дека снимката не треба да се објавува никаде. Луѓето кои го добиле видеото очигледно не го слушале.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, сега се појави ново видео до кое дојде британскиот таблоид Сан. Според Сан, на него се гледа како Кут шмрка бел прав. Снимката наводно била направена за време на Европското првенство минатото лето во хотелска соба платена од УЕФА.
Раководството на премиерлигашот брзо реагираше и го суспендираше Кут до дополнително известување веќе по објавувањето на првото видео во кое го навредува играчот и тренерот на Ливерпул. Тој беше поврзуван со многу контроверзни одлуки на натпреварите на Ливерпул во минатото, поради што во неколку наврати се судри со Клоп. По објавувањето на второто видео тој беше суспендиран и од УЕФА.
Најпознат е случајот кога на дербито со Евертон, кое заврши 2:2, не му покажа црвен картон на Џордан Пикфорд откако тешко го повреди Вирџил ван Дијк, по што Клоп јавно го критикуваше Кут.
Oh no, David Coote caught doing cocaine, he's really is finished as a referee!
— Football Hub (@FootbalIhub) November 13, 2024
The video is apparently from the 2024 Euros where he was officiating 😳pic.twitter.com/OEnrTMtSu1