Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА го одреди судијата за финалето во Лигата на шампионите

УЕФА го одреди судијата за финалето во Лигата на шампионите

Шпанскиот судија Антонио Мигел Матео Лахоз ќе дели правда во финалето на Лигата на шампионите во кое ќе играат Сити и Челзи, потврди денес УЕФА.

Натпреварот помеѓу двата англиски клубови е на програмата на 29. мај во Истанбул, иако постои голема шанса градот на Босфорот да го изгуби домаќинството поради лошата епидемиолошка ситуација во Турција.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Во изминатите денови се шпекулираше дека финалето може да се одржи во Лондон или Париз.

Шпанецот Лахоз неодамна беше делегиран да го суди „Ел Класико“, но поради повреда на мускулот местото го препушти на Хесус Хил Манзано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинарите го изненадија Спалети: Не ми се верува дека морам да зборувам за ова

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети демантираше дека им забранил на фудбалерите да игр…