Дома Луд Спорт Убиена една од најдобрите атлетичарки на светот

Убиена една од најдобрите атлетичарки на светот

Кениската атлетичарка, Агнес Тироп е пронајдена мртва во својот дом во градот Итен, пренесуваат светските медиуми.

Атлетичарката беше една од најдобрите во светот во дисциплина на 10.000 метри, каде што освои и бронзен медал на Светското првенство  во 2017 година. Тироп настапуваше на Олимписките игри во Токио оваа година, каде што го освои четвртото место.

Тироп е сурово убиена во Кенија и е пронајдена во нејзиниот стан со смртоносни рани од ладно оружје, а главен осомничен е нејзиниот сопруг Емануел Киплетинг.

Атлетискиот сојуз на Кенија ќе ги одложи сите натпреварувања во следниот месец поради оваа вест, која го потресе спортскиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хесе Родригез прегазен со автомобил од бившата девојка!🎥

Хесе Родригез важеше за голема надеж на Реал Мадрид, но никогаш не успеа да ги оправда оче…