Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел е воодушевен бидејќи неговиот тим во ЛШ ќе игра против Црвена Звезда.
Неговиот ПСЖ вчера за ривали во групната фаза ги доби Наполи, Ливерпул и Црвена Звезда. Тухел посебно ги пофали црвено-белите зборувајќи дека дуелите со Звезда ќе му разбудат некои стари спомени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвена Звезда е големо име. Се сеќавам на нивните победи во Купот на европските шампиони во 1991. година. Среќен сум што добив прилика да го водам тимот против Звезда, тој дуел ми враќа некои емоции од минатото. Црвена Звезда и натаму е голем клуб.“ – изјави Тухел па се осврна на останатите тимови од групата:
„Ждребот беше немилосрден. Наполи има искусен тренер и одлична екипа. Ливерпул минатата сезона играше во финалето. Имаат брза екипа, долго се заедно и имаат феноменални играчи.“
Инаку, ПСЖ групната фаза во ЛШ ја отвара со натпреварот против Ливерпул на Енфилд.