Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел потврди: Мбапе ќе биде во тимот за Аталанта

Тухел потврди: Мбапе ќе биде во тимот за Аталанта

ПСЖ и Аталанта вечерва од 21 часот го играат својот четвртфинален натпревар во ЛШ.

Со тој натпревар тргнува завршницата на ЛШ во Лисабон, а дуелот помеѓу ПСЖ и Аталанта се очекува да биде возбудлив.

Парижаните се фаворити иако неколку играчи се надвор од конкуренција, а под знак прашалник беше и настапот на Мбапе, но францускиот препрезентативец ќе биде на располагање на Тухел.

„Ако нешто во меѓувреме не се случи, утре ќе биде во тимот.“ – изјави Тухел, па даде коментар и за натпреварот против Аталанта:

„Тоа ќе биде тежок натпревар. Имаме голем предизвик, но секогаш има можности“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…