Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл за Јокиќ и Дончиќ, победи за Денвер и Далас 🎥

Трипл-дабл за Јокиќ и Дончиќ, победи за Денвер и Далас 🎥

Лука Дончиќ немаше добра шутерска вечер, но и покрај тоа успеа да дојде до трипл-дабл во победата на Далас над Торонто рапторс со 114:110.

Словенецот имаше седум обиди за тројка, а погоди само една, од играше имаше вкупен шут 7/19. Натпреварот го заврши со 20 поени, 11 асистенции и 10 скока. Голема помош Дончиќ доби од Кристап Порзингис кој натпреварот го заврши со 21 поен и 10 скока. Најефикасен кај рапторси беше Харис со 31 поен.

Трипл-дабл учинок оствари и Никола Јокиќ. Само за 26 минути поминати на паркетот Јокиќ дојде до за него вообичаената норма сезонава. Српскиот центар уфрли 20 поени и додаде уште 15 скока и 11 асистенции. Ова беше 16. трипл-дабл за Јокиќ сезонава и вкупно 57. во кариерата.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Кливленд 120-105, Детроит – Денвер 91-104, Оклахома – Јута 93-109, Филаделфија – Орландо 122-97, Далас – Торонто 114-110, Хјустон – Л.А. Клиперс 122-115, Мемфис – Сакраменто 107-106, Голден стејт – Њу Орлеанс 125-122.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…