Италијанските медиуми не престануваат да пишуваат можноста третиот најбогат човек во светот, Бернар Арно да го купи Милан.
Во Италија се тврди дека детали го делат Арно од купување на клубот кој неколку години наназад се обидува да се врати на славните патеки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арно е „тежок“ 106 милијарди евра, а се проценува дека за Милан ќе издвои нешто помалку од милијарда евра. Веќе медиумите започнаа и да најавуваат како би изгледал Милан на чело со него.
Звучи лудо и не реално, но медиумите тврдат дека Французинот ни помалку, ни повеќе сака да ги спои Мбапе и Гвардиола во Милано!?
Арно е подготвен да плати 220 милиони евра за ѕвездата на ПСЖ за да го донесе во Милан. Притоа ќе го направи заштитно лице на неговата компанија со спонзорски договор од 50 милиони евра годишно.
Арно смета дека Гвардиола лесно би се согласил да се пресели во Милан наредното лето доколку претходно пристигне и Мбапе, протоа ќе добие и огромен буџет за други трансфери.