Дома Фудбал Треба ли во Барселона да бидат загрижени поради Меси?

Треба ли во Барселона да бидат загрижени поради Меси?

Барселона и Реал Мадрид вечерва во Кордоба го играат првиот натпревар од полуфиналето во шпанскиот Суперкуп.

На неколку часа пред натпреварот се вклучи алармот во Барселона и тоа поради Лионел Меси кој не беше присутен на последниот тренинг.

Роналд Куман на вчерашната прес-конференција кажа дека Меси против Гранада бил заменет затоа што чувствувал одредени непријатности и излегол кога се било завршено.

Така настапот на Меси вечерва е под голем знак прашалник и можеби Куман ќе мора да ја менува формацијата или место Аргентинецот да игра некој од Брајтвајт и Тринкао.

Вториот полуфинале пар е Реал Мадрид – Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го отпушти Лампард!

Френк Лампард доби отказ во Челзи после 18 месеци поминати во клубот. Денес раководството …