Дома Фудбал Трансферниот пазар ќе биде во септември и октомври

Трансферниот пазар ќе биде во септември и октомври

Летниот трансфер пазар оваа година најверојатно ќе биде преместен во септември и октомври, пренесуваат италијанските медиуми.

Поради пандемијата со коронавирус европските првенства беа стопирани неколку месеци, па сезоната се очекува официјално да заврши во август.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Поради тоа традиционалниот летен преоден рок ќе биде преместен и најверојатно ќе започне од 1-ви септември и ќе трае до 5-ти октомври.

Од 1 август до 1 септември, клубовите ќе можат да потпишат со фудбалерите кои немаат обврски и се слободни агенти.

Играчите чии договори или позајмици истекуваат до 30-ти јуни ќе имаат право да преговараат со клубовите и да останат до завршување на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…