Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Падна светскиот рекорд!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Падна светскиот рекорд!

Трансфер периодот се ближи до својот крај и во финишот секогаш е поинтесресно. Следете и бидете во тек со се што се случува!

Манчестер Јунајтед изгледа се откажа од Паоло Дибала. Како причина се наведуваат големите барања на Аргентинецот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


– Уште една вест за Дибала: Напаѓачот денес пристигна вообичаените прегледи во Јувентус.

Мињоле го напушти Ливерпул, а на негово место се очекува да пристигне Адриан кој на крајот на минатата сезона го напушти Вест Хем и сега е слободен играч.

– Официјално: Висар Муслиу се сели во МОЛ Фехервар.

– Погледнете како изгледаше реакцијата на претседателот на Барселона кога го прашаа за Нејмар.

Гвардиола призна дека го сакале Мегваер: Се интересиравме и беше опција, но не можевме да си го дозволиме.

– Aјакс наводно ќе прифати да го продаде Дони Ван де Бек, но после двомечот во плеј-офот против ПАОК. Вчера самиот фудбалер потврди дека преговори со Реал постојат.

– Реал Мадрид испратил понуда 27.6 милиони финти плус Хамес Родригез за Пол Погба, но истата веднаш била одбиена.

– Манчестер Јунајтед во финишот од преодниот рок би можел да направи обид да го довее Кристијан Ериксен од Тотенхем.

– Откако од Милан го доведоа Патрик Кутроне сега Вулвс покажува интерес и Франк Кеси ,„росонерите“ според последните информации за него бараат сума од 35 милиони евра.

– Еден од француските клубови Бордо и Рен ќе биде новата дестинација на Лоран Кошчиелни.

– Хари Мегваер ги поминал лекарските прегледи, јавува „Скај Спорт“. Сега само чекаме официјална потврда за светскиот рекорд кога се во прашања дефанзивците (93 милиони евра)..

– Oлимпик Марсеј покажал интерес за Рајан Сесењон.

– Фламенго е една од опциите за Марио Балотели.

– Официјално: Наинголан е нов играч на Каљари.

– ОФИЦИЈАЛНО: МЕГВАЕР Е НАЈСКАПИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА!

– Покрај Марсеј, на Островот се појави вест дека и Тотенхем покажал интерес за Сесењон.

Се појави доказ дека Барселона со Гризман преговарала уште во март.

– Наполи во трката за Елмас ги победил, Тотенхем, Ливерпул и Реал Мадрид, откри агентот на македонскиот фудбалер.

Мегваер во Манчестер Јунајтед ќе го носи дресот со број пет.

– Oфицијално: Адриан е нов голман на Ливерпул.

– Официјално: Бенедето е нов играч на Марсеј.

– „Франс Фудбал“: Трансферот на Сане е пред реализација, станува најплатен играч во Бундес лигата!

– Додека Лукаку чека да си замине од Манчестер Јунајтед тренира со Андерлехт, ова е доказ дека за него авантурата на „Олд Трафорд“ е завршена.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…