Дома Трансфер зона Гвардиола го призна „поразот“: Сакавме да го доведеме, но не можевме да си го дозволиме

Гвардиола го призна „поразот“: Сакавме да го доведеме, но не можевме да си го дозволиме

Maнчестер Сити го освои својот прв трофеј оваа сезона. Англискиот шампион го победи Ливерпул после изведувањето на пенали со 5:4 и на тој начин го одбрани трофејот во Комјунити Шилд.

Тимот на на Пеп Гвардиола не покажа некоја посебна игра вчера на „Вембли“, но каталонскиот стратег беше задоволен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Неверојатно финале. Бевме исцрпени. Ливерпул имаше шанси да победи, но имавме и ние и можам да кажам дека ова беше добар тест за двата тима. Добро е да се игра со силен тим пред почетокот на сезоната, така можеш да видиш каков е твојот тим во однос на противникот“, потенцираше Пеп.

„Важна е само победата. Честитки на момците, првата титула во сезоната е наша“, додаде Пеп, а потоа доби прашање за Хари Мегваер кој се поврзуваше со Сити, но сепак ќе премине во редовите на Манчестер Јунајтед.

„Мегваер е одличен фудбалер. Светска класа. Бевме заинтересирани, меѓутоа не можевме да си го дозволиме“, одговори Пеп.

Мегваер денес го комплетираше трансферот вреден 93 милиони евра кој го направи најскап дефанзивец во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…